-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

Украински шпион со брдо кеш и дијаманти сакал да влезе во Македонија, уапсен е на граница

ТОП ВЕСТИ



Поглед:
28


Украина побарала од Белград да го екстрадира Андриј Наумов, поранешен висок функционер на Службата за безбедност на Украина, кој пред четири месеци беше уапсен во Србија под сомнение за перење пари, дознава Би-Би-Си.

Во јуни по распишана потерница бил приведен на граничниот премин Прешево при обид да влезе во Македонија, па оттука веројатно да бега за Грција, а во БМВ-то што го управувал било пронајдено непријавено богатство: повеќе од 600.000 евра, околу 125. илјади долари и скапоцени камења.

Поранешниот украински генерал за безбедност Наумов претходно беше прогласен за предавник од украинскиот претседател Володимир Зеленски и му беше одземен чинот.

Ова се случи откако тој ја напушти земјата во февруари, само неколку часа пред почетокот на руската инвазија.

Украина набрзо го обвини за велепредавство, а се проценува дека најверојатно и нанел голема штета на оваа земја со тргување на критични информации.

Наумов уште во летото 2021 година беше отпуштен од украинските безбедносни агенции каде го достигна највисокиот ранг во историјата, а претходно украинските медиуми опширно пишуваа за недвижниот имот што неговото семејство го стекна за време на неговиот подем во кариерата. Очигледно, ова е еден од некогаш највисоко позиционираните, а во меѓувреме компромитирани, украински разузнавачи.

Дванаесет години работел и во канцеларијата на украинскиот главен обвинител. Интересно е што тој брзо напредуваше во Службата за безбедност на Украина (СБУ) благодарение на неговата блискост со нејзиниот поранешен директор Иван Баканов, кој некогаш беше близок пријател на претседателот Зеленски.

Во 2019 година, Наумов беше назначен за шеф на Генералниот директорат за внатрешна безбедност на СБУ, а една година подоцна претседателот Зеленски му го додели чинот бригаден генерал, највисок во историјата на оваа служба.

Истражувањето на Радио Слободна Европа и Украинскиот јавен сервис открило дека на врвот на кариерата на овој разузнавач, членовите на неговото семејство стекнале имот за само неколку години што не може да се објасни со нивните официјални приходи: станови во центарот на Киев, и броен друг имот недалеку од главниот град…

Во јануари 2021 година, сомнежите за корупција останаа во сенка на сензационалната вест дека поранешниот шеф на СБУ, Димитро Њескаромниј, наводно го подготвувал атентатот на Наумов, што тој веднаш го демантираше.

Наскоро, друг службеник на службата признал дека учествувал во наводната подготовка на атентатот, но Наумов ненадејно бил отпуштен од СБУ. Опозицискиот медиум, кој ја истражуваше аферата, потоа објави дека Наумов „управувал со шверц, отворал и затворал фабрикувани кривични постапки, бил рекетар и им одземал бизниси на луѓето“. Заслужен е и за партнерство во шверц со германскиот државјанин Александар Акст, кој заедно со него бил во БМВ-то кога бил уапсен во Србија.

Во Србија, преку своите адвокати, Наумов упорно се брани од сите обвинувања, тврдејќи дека неговата екстрадиција во Украина ќе му го загрози животот и дека тоа ќе му биде смртна казна. Случајот очигледно е прашање на чиста политичка одлука, а српските власти мора да донесат одлука до почетокот на декември, кога истекува рокот.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО