Сопственикот на веб страницата „Доказ М“ утрово беше осуден на една година и еден месец казна затвор, а ќе треба да плати и парична казна од 5.000 евра.
Судот објави дека Стаменковски е виновен затоа што преку веб порталот во негова сопственост, како средство за извршување, со намера да прибави за себе лична корист по пат на закани и уцени кон повеќе лица, ширел расистички и ксенофобичен материјал во јавноста.
Судењата на Стаменковски беа зад затворени врати, оти се изведуваа делови од приватните животи на обвинетите.
Судот, исто така, му изрече и казна забрана за вршење дејност во период од 10 години за регистрација и водење на домен.
Стаменковски се наоѓа во притвор во КПУ Затвор Скопје од средината на февруари годинава.