9.8 C
Skopje
понеделник, април 10, 2023

Трајанов предлага референдум за уставните измени или избори

ТОП ВЕСТИ

Лидерот на Демократски сојуз и пратеник Павле Трајанов предлага спроведување рефендум за уставните измени или организирање предвремени парламентарни избори.


-Бидејќи се групираат повеќе политички партии, СДСМ треба да проценат дали ја имаат поддршка кај граѓаните. Треба Ковачевски да се појави пред граѓаните. Сметам дека е потребно референдум или избори, но за мене е поприфатливо предвремени парламентарни избори – рече Трајанов на Сител.

Тој го повтори ставот на партијата дека нема да испратат свои претставници во работната група за уставните измени, која треба да почне да дебатира кон средината на месецов.

-За мене е проблем што ЕУ не направи отстапка за интересите на Македонија. Проблемот е што СДСМ и ДУИ ја воведоа државата во криза – рече Трајанов, чија партија до неодамна беше дел од владиното мнозинство.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО