-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

Тасевски: Не се чувствувам како Бугарин, јас сум Македонец!

ТОП ВЕСТИ

Дарко Тасевски, поранешниот фудбалски репрезентативец на Македонија, во интервју за бугарски „Блиц“ одговори на прашањето дали се чувствува како Бугарин.


„Не, јас сум Македонец. Тоа никој не може да ми го одземе, роден сум таму. Ја чувствувам љубовта на луѓето овде кон мене, јас исто така ги почитувам. Отсекогаш се трудев да бидам врска меѓу двата народа. Имав повици од политичари, ме поканија да помогнам за затоплување на односите. Но, не сакам да паднам во тие средини. Ме поканија политичари од двете земји – и од Бугарија и од Македонија. Ги обвинувам поради тоа што до пред 3-4 години немаше толку голем проблем меѓу двата народа. Политичарите се замешаа и стана полошо. За жал, работите одат на полошо. Се надевам дека нема да има ескалација на тензијата во следните натпревари меѓу двете земји“, изјави Тасевски.


Фудбалерот кој што во дресот на Славија Софија ја игра последната сезона во кареирата за Македонија настапи на 45 натпревари и постигна еден гол.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО