Студентското собрание од Факултетот за бизнис и економија во Скопје испрати претставка до државниот просветен инспекторат со што бараат увид во документацијата за нивната работа откако по првата поднесена претставка се уште немаат информација до каде е процесот.
„Имаме само еден професор на факултетот кој е надвор од сите правни закони за високо образование. Ние не можеме да полагаме сесии, ние кои сме при крај не можеме да браниме дипломски трудови, а тековните студенти немаат предавања и ние ја молиме целото МОН и инсекторатот што поскоро да излезат на терен и да ја засилеат конторлата“, изјави Марија Михајловска, студент на факултет за бизнис и економија во Скопје.
Од Инспекторатот им рекле дека веќе работат на слулајот, но во моментов им недостига соодветна документација.
„Ни рекоа дека нема место за паника, но и тоа како има место за паника. Јас морам да кажам дека имам колеги кои имаат уште два испити и се вработени во приватниот сектор и ќе останат сега до ноември ако не ги донесат дипломите ќе остатнат на улица“, додаде Михајловска.
Во моментов нејасно е дали ќе биде одземена и акредитацијата на факултетот, бидејќи новата академска година започна, а факултетот не го исполунува минимумот на потребен кадар.
„Доколку до крајот на оваа недела не се реши случајот најавуваме големи протести“, додаде Михајловска.
Директорката на факултетот ги исвестила дека после празникот ќе има на факултетот нови професори. „Но многу е тешко да се најдат нови професори. Има многу законски рокови, 7 дена во весник треба оглас да се распише, а нас за 3 дена сесија ни започнува“, додаваат студентите.