16.8 C
Skopje
вторник, април 18, 2023

„Стани бугарин или умри“, избор за Македонците во логорот БЕЛЕНЕ

ТОП ВЕСТИ



Поглед:
32


Скандалозни сознанија на новата генерација бугарски новинари и историчари за постоење на концентрационен логор за Македонци во Белене во северна Бугарија излегоа на површина. Тоа бил логор на смртта, каде изборот за Македонците бил еден, стани бугарин или умри!

Сите тие кои останале на своето и не прифатиле да се избугарат, биле масовно стрелани и телата им биле фрлани во реката Дунав. На сликата имате бугарска стрелачка чета, како масовно стрела невини Македонци кои одбиле да се изјаснат како бугари.

Имено, на 27 април 1949 година, Советот на министри (Влада) на Бугарија на чело со вицепремиерот Васил Коларов (премиерот Георги Димитров бил на лекување во Москва, каде што починал малку подоцна), донел доверлив декрет. Со него комунистичката власт одлучила да создаде трудово-образовен дом (ТВО) Белене или класичен концентрационен логор за Македонци, сличен на нацистичките за Евреите.

Оваа задача му била доверена на Министерството за внатрешни работи – ДС, на кое му беа предадени островите на реката Дунав – Персин, Голема Бурзина, Мала Бурзина, Милка, Кичето, Магареца, Белица, Совата и Предела, да избере погоден за изградба на концентрациониот логор, кој ќе се градел со руска поддршка.

Така бил изграден најголемиот логор за политички и национални противници на БКП во Бугарија за време на тоталитарниот комунистички режим, после пропаста на Инфорбирото и прекин на односите помеѓу Југославија и СССР. Во тој момент, Москва наредува да се уништи се македонско во Бугарија, да се затворат македонските училишта, запалат македонските учебници, затворат Македонците наставници и попови и сл.

Познат како концентрационен логор Белене, бугарските власти со помош на руските ментори решаваат тој да биде изграден на островот Персин, најголемиот од сите наведени острови. Местото стана познато како Второ место во источниот дел на Персин, каде што во јули 1949 година во конвој од сточни возила, била префрлена првата група од околу 300 затвореници, предходно апсени од Пиринска Македонија и сместени во логорот Богданов Дол.

Таму Македонците кои не прифаќале за станат бугари, заедно со противниците на комунистичката диктатура, се принудени да живеат во нехумани услови – секојдневна тешка физичка работа, тешки стандарди под постојана вооружена стража. Ги туркале во копачки и бараки кои сами ги граделе со импровизирани средства, а гладта е најстрашното нешто на кое биле подложени. Прво измачувани со глад и тешка работа, оние кои не станале бугари, потоа се стрелани и нивните тела фрлани во Дунав.

Низ логорот поминале десетици илјади луѓе, голем дел од нив, во очај да се спасат себе си и своите семејства, прифатиле да потпишат изјава дека се бугари по потекло и на тој начин да бидат ослободени, но не да се вратат во Пиринска Македонија или во Софија и Пловдив, како македонски центри, туку биле населувани во подунавска Бугарија или поморието на север. Дел биле интернирани во Русија да работат во руски воени фабрики.

По смртта на Сталин во 1953 година, политичката интернација во Бугарија била накратко суспендирана, но продолжиле ѕверствата врз етничките Македонци. Во 1956 година, по Унгарското народно востание, повторно биле носени и политички затвореници во кампот Белене, често пречекувани од изгладнети, болни и унаказени Македонци, кои биле чувани за производство и одржување на логорот на смртта.

Во периодот 1953-1956 година, насилството врз Македонците се дуплира, владата на Бугарија започнува масовна бугаризација на сите граѓани на Бугарија, особено опседната со насилство врз етничките Македонци. На удар биле огромен дел припадници на македонската револуционерна организација, кои барале автономија на Пиринска Македонија и биле сметани за противници на режимот.

Приведувањето на Македонците до толку била зголемена низ целата земја, што бил проширен логорот „Белене“ и на локалитетот Прво, лоциран во југозападниот дел на островот, каде најчесто биле чувани Македонци со пресуди добиени во монтирани судски процеси.

Во август 1959 година, Политбирото на ЦК на БКП одлучува да го затвори логорот „Белене“, откако на Запад во Европа и Америка биле објавени информации дека во Бугарија се уште има логори на смртта и дека се врши масовно убивање на етнички Македонци и политички неистомисленици на рускиот режим.

Иако „Белене“ бил официјално затворен во 1959 година, сепак голем дел Македонци, кои преживеале и сеуште биле апсени низ Бугарија, продолжиле да ги држат во логорот од политички причини до 1960 година. Но веднаш потоа, концентрациониот логор бил прогласен за официјален затвор на Бугарија, а Македонците остануваат „затворени“ како наводни „престапници“ – криминалци со измислени пресуди, со цел Западот да не може да бара нивно ослободување.

Во 1985 година, освен Македонци, започнува депортациа на бугарски Турци, уапсени поради отпорот на насилното преименување извршено од режимот на БКП. Тие на истиот начин како Македонците, биле затворани без судење и казнувани на местото на поранешната Втора локација на логорот „Белене“.

Во април 1986 година, притворениците започнале штрајк со глад кој траел 30 дена, по што цел свет дознава дека логорот на смртта сеуште егзистира. Во 1987 година, повеќето логораши биле ослободени од „Белене“ и биле интернирани на различни региони на Бугарија.

По падот на комунистичкиот режим во Бугарија во 1989 година, „Белене“ стана место за сеќавање на жртвите од логорите за време на владеењето на Русија и измеќарите од БКП. На 7 јуни 1990 година се одржал првиот организиран аџилак на Втората локација на островот Персин на иницијатива на Клубот на репресираните. Комеморативното собрание се претвора во митинг на кој присуствуваа неколку илјади луѓе од целата земја, меѓу кои и многу поранешни затвореници Македонци, како и претставници на политичката опозиција.

Во првите години од падот на комунизмот во Бугарија, во „Белене“ на крајот на мај или почетокот на јуни се одржувал годишен аџилак на местото на некогашното Второ место. Симболично, таму бил подигнат куп камења, на кои биле поставени крст и полумесечина, симболизирајќи го присуството на христијаните и муслиманите за време на постоењето на логорот.

На почетокот на 21 век, после 2000 година, новите бугарски власти се обидуваат да го прикријат злосторот врз етничките Македонци и Турци, но и врз разни политички затвореници, па забрануваат да се заврши изградбата на спомен-обележјето на репресираните „земјоделци“, па така бетонскиот постамент до денес останува недовршен.

Во 2005 година на една од напуштените згради била поставена спомен плоча на име БЗНС – Народен сојуз – Плевенско, како политичко движење кое побарало да се објави вистината за Белене.

Во февруари 2020 година, Специјализираниот стручен совет за заштита на недвижните културни вредности при Министерството за култура на Бугарија, на состанокот по извештајот на Националниот институт за недвижно културно наследство, прифати концентрациониот логор „Белене“ да добие статус на групна историска недвижна културна вредност од најновото време со категорија „Национално значење“.

Одлуката е донесена на предлог на новинарот Христо Христов, по иницијатива поднесена во 2014 година.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО