-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

Средба на Османи со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Вахл

ТОП ВЕСТИ

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес, го прими новоименуваниот шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Амбасадор Килиан Вахл.


Османи, изрази задоволство од назначувањете на Амбасадор Вахл за шеф на Мисијата на ОБСЕ, како експерт со практично искуство во прашањата за Југоисточна Европа и Западен Балкан, воедно, нагласи и дека го цениме фактот што доаѓа од Германија, земја постојан поддржувач на Северна Македонија и истакнат геополитички актер и важна земја-учесничка на ОБСЕ.


Соговорниците се осврнаа на претствојното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ 2023, при што Амбасадор Вахл упати отворена поддршка во текот на претседавањето, особено напомнувајќи дека претседаавњето со ОБСЕ во 2023 година ќе биде тешка и предизвикувачка задача, пред се поради отворената агресија на земја-учесничка и другите актуелни случувања во регионот на ОБСЕ.

Исто така, Османи, истакна дека наша цел е засилен допир и интеракција со теренските мисии на ОБСЕ, со цел воспоставување синергија помеѓу приоритетите на Претседавањето и оние на теренските мисии.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО