-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

Срамно однесување на власта, компромитиран е процесот за влез во ЕУ

ТОП ВЕСТИ



Поглед:
24


Лидерот на партијата МКонцепт, Петар Богојески јавно реагира на изјавите кои доаѓаат од властите, дека опозицијата морала да ги поддржи во лудилото за внес на Бугари во Устав, како тој го нарекува процесот на компромитиран влез во ЕУ.

Имено, власта без консултации со опозицијата, на своја рака и насилно го протна т.н. француски предлог во македонскиот парламент, со што надвор од разумот ги внесе бугарските уцени во европската преговарачка рамка.

Денес истата таа власт која направи катастрофална грешка, со која во целост го компромитираше процесот за преговори со ЕУ, очекува опозицијата да и го легитимира предавството и да ја поддржи во правецот на амбисот. Замислете, бараат поддршка за да се исполни нивното лудило и да ја уништиме Македонија! – коментира Богојески.

Што направи власта со „францускиот“ кој за мене е чисто бугарски предлог? Проблемите од Бугарија ни ги донесе дома во Македонија. Сега не признаваат грешка, туку арогантно викаат дојдете и вие во блатото во кое ние ве внесовме.

Тоа не е прашање на сакање или не сакање! Тоа е прашање на живот или смрт. Тоа е прашање на принципи. Еве и да кажеме, ние од МКонцепт ќе ги погазиме нашите идеолошки ставови за граѓанска држава со граѓански Устав, ќе поддржиме решение со редење на сите етнички заедници во Устав, но што е тука решено со Бугарија? – прашува Богојески.

Ништо! Ништо не се решава со таков потег. Напротив, се задоволуваат хировите на власта, да замајува јавност дека започнала некакви пирови преговори со ЕУ, да продолжи да лаже и краде, а со Бугарија да ни отворат поголем проблем.

Буквално, после внесување на Бугари во Устав, тек започнуваат проблемите со Бугарија. Тука ништо не завршува. Еве хипотетички да кажеме, да сме во иста позиција како со Грција, да сме пред влез во ЕУ, како што бевме пред влез во НАТО, па да кажеме со таков потег затвораме „бугарско прашање“, веднаш следен ден влегуваме во ЕУ, па и некако да се согласиме.

Но сега, што ќе се случи? Ќе смениме Устав, и наместо преговори со ЕУ, ние ќе имаме преговори со Бугарија за услови на капитулација на Македонија, односно ребугаризација на нашето население. Наместо европеизација, ние ќе сме подложни на ребугаризација. И тоа не е некое табу. Сите политичари и активисти во Бугарија, тоа јавно го кажуваат!

Тоа значи дека ние никогаш нема да влеземе во ЕУ, нема да завршиме преговори, се додека не станеме Бугари или Македонци од 1945 година. За тоа има критична маса на руски измеќари кај Албанците, кои го поддржуваат тој процес.

Значи власта бара поддршка од опозицијата за ова, сами да си пресудиме смрт! Сами да се фрлиме во амбисот, до кој тие не донесоа.

Македонски Концепт има решение на овој проблем. Тоа е граѓански Устав на земјата, во кој нема да има Бугари. Потоа ќе се работи на вистински договор за трајно пријателство помеѓу Македонците и Бугарите, а не договор без врска како тој на Заев. Со него ќе се реши оставинската постапка за историските периоди кога македонизмот и бугаризмот сериозно кокетирале и имале заеднички интереси.

Значи потребо е едно и трајно, крајно решение. А не процес на решенија на штета на македонските национални интереси. Процесот на преговори со ЕУ е бугаризиран односно компромитиран, и тој не може да се одвива во вакви услови.

Единствено што може е граѓански Устав во Македонија и променена на преговарачката рамка со ЕУ, од која ќе се исфрлат бугарските шовинистички желби и соништа. Се до тогаш, ние се лажеме дека преговараме со ЕУ или дека ќе бидеме било кога, полноправна членка на Унијата.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО