-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

Спасовски-Јохансон-Ракушан-Ногобаев: Eвропското единство е основа за успех, Договорот за ФРОНТЕКС помеѓу ЕУ и Македонија е уште еден важен чекор напред

ТОП ВЕСТИ


„Како министер за внатрешни работи на Република Северна Македонија, земја која е дел од ‘Балканската рута’ и која од почетокот на миграциската криза беше и останува транзит земја, но не и земја на потекло или земја како крајна дестинација, би сакал да истакнам дека соработката и активностите реализирани во рамки на Прашкиот процес, како и на сите процеси и платформи за управување со миграцијата, за нас се од огромно значење. Токму затоа остануваме посветени на спроведувањето на воспоставената соработка, со цврста определба и за реализација на новиот Акциски план на Прашкиот процес за периодот 2023-2027, кој во голема мерка се совпаѓа и со приоритетите на МВР на Република Северна Македонија во областите околу управувањето со миграцијата: спречување и сузбивање на илегалната миграција, трговија со луѓе, враќање и реадмисија, зајакнување на системот на азил и меѓународна заштита“, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на заедничката прес конференцијата со еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон, министерот за внатрешни работи на Чешката Република Вит Ракушан и заменик претседателот на Собранието на Киргистан за миграции Медер Рахман, која се одржа по усвојувањето на Заедничката декларација и Акцискиот план на Четвртата Министерска конференција во рамки на Прашкиот процес.


Спасовски уште еднаш ја нагласи посветеноста на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија за зајакнување на соработката и постигнување одржливо партнерство за поефикасно справување со предизвиците кои ги носи миграцијата, како преку миграциските партнерства, како што е Прашкиот процес, така и со агенциите на ЕУ.

„Задоволство ми е да кажам дека со почитуваната еврокомесарка Јохансон ќе го потпишеме Договорот за оперативни активности спроведени од страна на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија. Со овој Договор ќе овозможиме подобра заштита на границите, брзо распоредување на персонал и опрема на ФРОНТЕКС или странски полициски службеници на критични точки на границите“, рече Спасовски, додавајќи дека распоредувањето на персонал на ФРОНТЕКС ќе уследи по повеќегодишната реализација на Заедничката операција на јужната граница на Република Северна Македонија, во рамки на која странски полициски службеници од повеќе европски земји и партнери заеднички работат на зачувување на границите и на безбедноста на македонските граѓани, а со тоа и зачувување на границите и безбедноста на државјаните на Европската Унија.

Оценувајќи ја како успешна и конструктивна дискусијата на министрите во текот на Четвртата конференција во рамки на Прашкиот процес, еврокомесарката Јохансон се осврна на глобалните случувања, меѓу кои и војната во Украина, која уште повеќе ја наметна потребата од европско единство, како основа за успех. Во делот на миграциите, Јохансон се задржа на неопходноста од усогласување на политиките на визен режим помеѓу партнерските земји од Западен Балкан со оние на ЕУ за да се спречи злоупотребата на слободниот визен режим што придонесува за наплив на мигранти од Индија, Бурунди, Куба во земјите од ЕУ.

„Мора да го поддржиме ФРОНТЕКС во земјите партнери од Западен Балкан, каде веќе имаме 300 мажи и жени кои овозможуваат поддршка на границите на нашите партнери од Западен Балкан, утре веќе очекуваме предлог за ново преговарање на постојниот договор, со што тој ќе може да се прошири и на границите помеѓу земјите на Западен Балкан, а во среда ќе одам во Скопје за со министерот Оливер Спасовски да го потпишеме Договорот за ФРОНТЕКС помеѓу ЕУ и Северна Македонија, што мислам дека ќе биде уште еден важен чекор напред. Покрај ова, треба да ја зајакнаме поддршката кон нашите партнери од Западен Балкан околу враќањето и реадмисијата и да ја интензивираме нашата поддршка и активностите во врска со сузбивањето на криумчарите со мигранти, па се надевам дека следната недела веќе ќе можеме да зборуваме за отпочнување на оперативно партнерство против криумчарењето мигранти заедно со партнерите од Западен Баллкан“, истакна Јохансон.

Министерот за внатрешни работи и прв заменик премиер на Република Чешка, Вит Ракушан, заблагодарувајќи се до земјите учеснички на Прашкиот процес потсети дека овој дијалог отпочнат во 2009 година во Прага дозволува земјите да се справат во поширок контекст со клучните предизвици на глобално и европско ниво.

„Оваа конференција докажува дека европските земји и земјите членки на ЕУ се сеуште вољни да учествуваат во работата на Прашкиот процес, после 13 години историја, ние имаме големи предизвици кои ни претстојат, како што е украинската миграциска криза“, рече Ракушан.

Притоа, тој додаде дека усвојувањето на Заедничката декларација и Акцискиот план 2023-2027 на Четвртата Министерска конференција во рамки на Прашкиот процес дозволуваат Прашкиот процес да го продолжи својот мандат во годините што следуваат.

„Овие документи дозволуваат да се продлабочи соработката и ги рефлектираат нашите намери во соработката за земјите што се дел од Прашки процес, како и најновите трендови, кои не се присутни само во Европа, туку и на глобално ниво. Ние успеавме да ги оцениме кои се важните механизми и алатки за понатамошна соработка, како и јакнење на капацитетите и дополнителни начини на соработка. Пред нас стојат години на имплементација на овие резултати, кој е еден многу амбициозен план на Прашки процес”, подвлече министерот Ракушан.

Известувачот за трговија со луѓе при Советот за миграција во рамки на претседателот на Собранието на Киргистан, Улан Ногобаев, ја оцени денешната конференција како многу продуктивна, одлична платформа за дијалог, додека самиот Прашки процес им помага на земјите како Киргистан да ги надминат предизвиците со кои земјите денес се соочуваат.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО