-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

Сојузот на средношколци ја поздравува предлог-мерката за финансиска поддршка на сите средношколци

ТОП ВЕСТИ

Сојузот на средношколци на Република Македонија, во духот на солидарноста со нашите партнери од Универзитетското студентско собрание при УКИМ и сите останати студентски собранија, изразува јавна поддршка на студентските собранија и им честита на вчерашната победа, соопшти средношколската организација.


Сојузот апелира да се размислува за изнаоѓање системско решение за субвенционираниот студентски оброк, „налик на моделот применуван во европските земји, конкретно Словенија“ и смета дека покрај финансискиската, „важна улога мора да имаат и нутритивната и економската димензија“.


-Понатаму, скорешните настани ја покажуваат важноста на вклучувањето на засегнатите страни во процесите на одлучување а приори, т.е. уште кога ќе се работи на првиот нацрт. Државните институции мора да размислуваат стратешки, а не да чекаат да се создаде револт којшто ќе ги коригира нивните грешки. Воедно Сојузот на средношколци ја користи оваа прилика да ја поздрави предлог-мерката за дополнување на Законот за финансиска поддршка на граѓаните, која предвидува месечна финансиска поддршка од 3.000 денари за сите средношколци. Оваа предлог-мерка на прес-конференција ја образложи пратеникот и претседател на собраниската комисијата за финансии и буџет, Бојан Стојаноски. Оваа приоритетна мерка е голем чекор во зголемување на средношколскиот стандард, а ќе им помогне на средношколците во ова време на криза, соопшти Сојузот на средношколци и ги повика сите пратеници во најкус можен рок да ја поддржат мерката.

Апелира и дека средношколците мора да бидат вклучени во дизајнирањето на политиките што ги засегаат и дека, како и досега, Сојузот ќе продолжи да се залага и да предлага мерки кои ќе ги штитат средношколците и ќе го застапуваат нивниот интерес.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО