Во текот на изминатата вечер (12/13.11.2022) во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата констатирани и законски санкционирани се 29 возачи. За време на контролата биле санкционирани и 21 други видови прекршоци.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (12.11.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 180 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволеното 45 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 25 санкции за управување под дејство на алкохол.
Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за возач почетник, четори мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), две санкции за некористење сигурносен појас…