-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

Се огласија од КАНАЛ 5: Безочни лаги и клевети од Тотал ТВ Македонија

ТОП ВЕСТИ

Канал 5 телевизија реагираше на изјавите на Тотал ТВ Македонија дека наводно ја рекетирала и уценувала оваа телевизија. Во соопштение до јавноста од Канал 5 тврдат дека тие на Тотал ТВ им понудиле соработка по комерцијален принцип со договор, што од Тотал ТВ го одбиле. Од Канал 5 најавија кривична пријава. Според нив, во соседните земји нормално е операторите да им плаќаат на домашните телевизии за реемитување на нивните канали и дека со тоа се спречува борбата против пиратеријата.


Го снема сигналот на Канал 5 од Тотал ТВ – зошто?


Во продолжение, го пренесуваме соопштението на Канал 5 во целост:

„По изјавата на раководството на Тотал ТВ Македонија, дел од групацијата SBB/United Media , нашата Телевизија е згрозена од лагите на раководството во Македонија кое тврди дека сме ги уценувале и сме барале пари од претплатниците, но вистината е следна:

Канал 5 ТВ, во ниту еден момент не го УЦЕНУВАЛА Тотал ТВ, туку напротив, им понудивме продолжување на соработката според истиот КОМЕРЦИЈАЛЕН принцип и договор кој го имаме склучено со нивната единствена конкуренција, MTEL ( Српски Телеком ) единствени компании-оператори на јавни комуникациски мрежи кои вршат реемитување на ТВ канали преку САТЕЛИТ.

Следствено на Законот за заштита на конкуренцијата, ние и останатите членки на ММА им пративме идентичен договор како оној со MTEL, а Канал 5 ТВ им остави 7 дена време за да го потпишат новиот, комерцијален договор со Канал 5 ТВ.

За жал, Тотал ТВ не сакаше да потпише комерцијален договор со Канал 5 ТВ, како што пак имаат потпишано со една друга национална терестријална ТВ компанија, членка на ММА, со што после 7 дневниот рок им наложивме да го исклучат сигналот до оној момент додека не го потпишат новиот комерцијален договор.

Затоа, поради сите овие изречени клевети и сериозни лаги за наводна уцена и барање на средства од нивните корисници , што е надвор здрав разум, Канал 5 ТВ ќе поднесе соодветен поднесок до надлежните институции , како што и претходно што поднесовме кривичен поднесок за пиратерија преку една нивна платформа ( EON TV ).

Овој чин го правиме со цел да се заштитат нивните корисници кои очигледно плаќаат и се доведуваат во заблуда, за програма која Тотал ТВ нема право да ја реемитува преку нивната платформа EON TV.

Класичен оксиморон е што мајката компанија на Тотал ТВ, српската компанија SBB ( United Media ), нема никаков проблем да има комерцијални договори со домицилните српски телевизии и да им плаќа за реемитување на нивните канали , нешто што е нормално во речиси сите земји во Европа, но пак нивната фирма – ќерка во Македонија, Тотал ТВ, очигледно не сака да го плати продуктот на нашата ТВ компанија, што е и причината за нивните безочни лаги.

Немаме намера повеќе да дозволиме пиратеријата да царува на овие Македонски но и Екс-Ју простори, особено преку одредени кабелски/IPTV/сателитски оператори и веќе се подготвуваат сериозни поднесоци документирани со материјални докази до Јавните обвинителства во Македонија но и во : Англија, Италија, Франција, Америка, Австралија и други земји , сѐ со цел заштита на измамените корисници но и надомест на енормната штета која ни се прави и нам на ТВ компаниите но и на продуцентите на странска ТВ програма“, велат од Канал 5.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО