„Христијан Мицкоски со потврдувањето на континуитетот со Ванчо Михајлов ја погази иделогијата на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.
Во партиското соопштение додаваат:
Според Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ е континуитет на идеи кои го негираат македонскиот идентитет, идеолошки поклоник на луѓе кои што биле извршители на Третиот Рајх.
Мицкоски лицемерно зборува за патриотизам и национални итнереси и осудува отворање на клубови со имиња на контроверзини историски личности, а од друга страна бара да се почитува Ванчо Михајлов како дел од континуитетот на ВМРО-ДПМНЕ.
Токму ВМРО-ДПМНЕ во чест на Ванчо Михајлов изгради спомен куќа во Штип и постави негова восочна фигура во музејот во Скопје.
Најголемата поддршка на бугарските клубови во Македонија доаѓа токму од претседателот на најголемата опозициска партија.