СДСМ започна големата теренска активност под слоганот „Рамо до рамо до победа“, во чии рамки претставници на партијата со граѓаните ќе разговараат за актуелни теми, ќе дадат отчет за сработеното, но и ќе бидат најавени следните активности.
Со „рамо до рамо со народот“, во наредниот период претставници на СДСМ ќе посетат 946 населени места ширум татковината, ќе разговараат со сите граѓани, во секое населено место, во секоја уличка, куќа, зграда, во секое маало, во секоја урбана заедница.
СДСМ е државничка партија којашто заедно со граѓаните успеа во тешки моменти за земјата да ја одржи економијата и напредокот по вистинскиот, по европскиот пат.
Најтешкото е зад нас но предизвици за македонската иднина се уште постојат. Потребна е сплотеност, заедништво и мобилизиција на целото македонско општетство за нова победа на државата!
СДСМ е рамо до рамо со граѓаните и да ги разобличи промашените пропаганди, да го порази евтиниот популизам на Левица и ВМРО-ДПМНЕ и да ги трасира победничките политики!
СДСМ никогаш нема да се откаже од европската иднината на земјата. Рамо до рамо со народот, ќе продолжи да се бори за подобро утре за сегашните и идни генерации.
Рамо до рамо до победа за европска Македонија!