Денеска Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија Кирил оствари телефонски разговор со Претставникот на Македонската православна црква – Архиепископија Охридска, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.
Поглаварите на двете Цркви си разменија честитки за празникот Света Пасха, пренесува 4NEWS.mk
“За време на братскиот разговор, кој се одвиваше во топла атмосфера на братска љубов и меѓусебно разбирање, се разговараше за состојбите во православниот свет и за други теми од заемен интерес”, се вели во испратеното соопштение.
Веста за телефонскиот разговор беше објавена на веб страницата на Руската црква.