8.8 C
Skopje
четврток, април 6, 2023

Русија смени уште еден генерал, останаа без клучни луѓе: „Силната руска армија е мит и измама“

ТОП ВЕСТИ



Поглед:
1


Русија го разреши командантот на Источниот воен округ, генерал-полковник Александар Чаик, објави рускиот портал РБK.

Порталот повикувајќи се на јавно достапни државни регистри, објави дека генерал-полковник Рустам Мурадов е назначен за негов наследник.

Мурадов, кој беше санкциониран од ЕУ во февруари, претходно служеше во Донбас и командуваше со руските мировни сили во Нагорно-Карабах, отцепен регион на Азербејџан со мнозинско ерменско население.

Кремљ и руското Министерство за одбрана не ја потврдија оваа информација.

Командантот на Западниот воен округ, генерал-полковник Александар Журављов, исто така, бил разрешен  веднаш по драматичните загуби на Русија минатиот месец и загубата на Лиман во Доњецк.

Руските сили оттогаш изгубија контрола над неколку стотици квадратни километри во регионот Керсон, територија која Русија сега ја смета за дел од Русија.

Во септември, заменик министерот за одбрана за логистика, генерал Дмитриј Булгаков беше сменет од генерал-полковник Михаило Мизинцев, кого ЕУ го обвинува дека ја организирал опсадата на Мариупол во која загинаа илјадници цивили.

Во август, РИА објави дека командантот на Црноморската флота бил сменет по серијата порази, вклучително и потонувањето на воен брод и загубата на осум воени авиони во напад на руска база на Крим.

Си-Ен-Ен известува за падот на моралот меѓу членовите на злогласната руска паравоена група Вагнер. Тие разговарале со поранешниот командант на групата Вагнер, кој сега бара азил во Европа.

– Убеден сум дека руската армија немаше да постигне ваков успех, доколку на теренот немаше толку платеници, изјави Марат Габидулин, кој своевремено се бореше во Сирија.

Од разговорите со поранешните другари, Габидулин дознал дека ангажирањето платеници се зголемило кога руската армија почнала да бележи загуби на бојното поле.

– Руската армија не може да води војна без платеници, создаден е голем мит, голема измама за силната руска армија, посочи тој.

– Најмалку 5.000 платеници поврзани со групата Вагнер се ангажирани во Украина заедно со руски војници, изјави за Си-Ен-Ен Андриј Јусов, портпарол на украинската разузнавачка агенција.

Јусов тврди дека припадниците на Вагнер се повеќе се користат за „крпење дупки“ во руската одбранбена линија, што доведе до големи логистички проблеми и гнев кај платениците.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО