10.8 C
Skopje
среда, април 10, 2024

РЕАКЦИЈА на Македонски концепт за приведувањето на Фуркан Салиу

ТОП ВЕСТИ




Поглед:
5


СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА


08 Април 2024 ГОДИНА

Случај Фуркан Салиу – очајнички обид да продолжи неказнивоста на девијантното поведение на албанскиот шовинизам

Партијата Македонски Концепт, во врска со инцидентот на фудбалскиот натпревар во селото Средно Коњари, а поврзано со приведувањето на новинарот Фуркан Салиу, изразува огроман загриженост за начинот на кој се лажираат фактите во насока на продолжување на неказнивоста на девијантното поведение на албанскиот шовинизам во земјава, особено застанување на макеоднски измаќарски партии како сдс и левица за тоа!

Фуркан Салиу да престане да се сокрива зад неговата етничка припадност и да се соочи со законот, како секој граѓанин на државава, зашто Албанците не се и нема да бидат “надграѓани”! Срамно е со ставање на етнички карактер на настанот, да се создава нетрпеливост во јавноста и искривена слика на наводен “прогон врз новинарите” од страна на МВР.

Македонски Концепт најостро го осудува секој напад врз службено лице, истиот мора да биде санкциониран, и не смее да биде прикриван или пак толериран под закрила на албанскиот етнички шовинизам, како до сега!

Даваме полна поддршка на македонските институции да спроведат ред и закон во земјата и овозможат владеење на правото за сите подеднакво! Овие провокации на албански шовинисти во изборен процес се очекувани и истите нема да поминат! Промените доаѓаат и никој нема да ги сопре, најмалку луѓе со сомнително поведение!

Македонски Концепт на обидот на одредени партии и кандидати за претседател на Македонија да го искористат овој сеуште нерасчистен инцидент, гледа како на недозволива манипулација и очајнички обид да се факторизираат во изборниот процес, соочени со реалноста дека ги губат изборите!

Избрзаните прес-конференции на Дарко Каевски од СДСМ и изјавите на квази-политичари од типот на Димитар Апасиев од Левица не се базираат на факти и аргументи, туку имаат за цел да искористат настан, кој сеуште не е расчистен, за политички поени и создавање тензии помеѓу граѓаните. Тоа поведение е целосно неодговорно и неоправдано!

Македонски Концепт застанува во одбрана на македонската Полиција, тие се чувари на нашите права и слободи и како такви мора да бидат особено ценети и почитувани. За нас, правдата не разликува етникуми, не доделува привилегии и не толерира шовинизми од било каков тип! Правда за сите, во која се почитува презумција на невиност, но и одговорност доколку истото биде поткрепено со докази и факти од истрагата, без разлика за кој станува збор.

Центар за комуникации и анализи на Македонски Концепт

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО