6.8 C
Skopje
четврток, април 6, 2023

Рама прави реконструкција на МК Влада

ТОП ВЕСТИ



Поглед:
78


Македонија на колена, Рама договара реконструкција на македонската Влада, измеќарите од СДСМ верно исполнуваат. Останува само уште еден чекор за Албанците целосно да го преземат мнозинството во македонската влада, а зајковци за шака фотелји спремаат и Албанец премиер, дознаваме од извори од кабинетот на премиерот Ковачевски.

Засега не е познато дали албанскиот премиер Рама, при посетата на Скопје во понеделникот, веќе разговарал со својот македонски измеќар Таче за вклучување на Алијанса за Албанците во Владата, но неофицијално, како што објави Алмакос повикувајќи се на владини извори, премиерот Димитар Ковачевски наводно е подготвен да му понуди три министерства на Арбен Таравари: Министерството за образование, Министерството за здравство и Министерството за земјоделство.

Албанскиот премиер Еди Рама ја презел улогата на медијатор во преговорите што ги води македонската власт со Алијанса за Албанците, а со цел прешалтување на партијата на Арбен Таравари од опозиција во власт и зацврстување на парламентарното мнозинство за уште осум пратеници, со што Албанците стануваат мнозинство во македонската Влада. Таче само извршува, изјавуваат од неговиот кабинет.

Оваа информација прв ја објави информативниот портал на албански јазик Алмакос со наслов: „Алијансата за Албанците блиску до влегување во Владата на барање на Тирана и меѓународниот фактор?!“.

Како што пишува медиумот, Таравари во друштво на пратеничката Илире Даути и градоначалникот на Општина Врапчиште, Исен Шабани, деновиве го посетил Рама во Тирана, а главното прашање околу кое се водел разговорот било: „Колку и дали може Албанија, со помош на меѓународниот фактор, да бара стабилизирање на парламентарното мнозинство во Македонија, а со цел прифаќање на осумте пратеници што ги има на располагање Алијанса за Албанците?!“

Со ова Албанија веќе отворено се меша во внатрешните работи на Македонија, која веќе не е суверена туку измеќарска држава под власт на Албанија, благодарение на зајковизмот.ж

Како шлаг на тортата Алијанса за Албанците ќе добие и три заменички места во министерствата: заменик-министер за правда, заменик министер за транспорт и врски, како и заменик-министер за труд и социјална политика. Јаготката на шлагот, пак, ќе ја претставуваат директорските и раководните позиции во дури 30 дирекции и институции.

Политичкиот аналитичар Синиша Пекевски во изјава за Плусинфо вели дека воопшто не треба да нѐ чуди тоа што премиер на друга држава ни се меша во внатрешните политики, оти, како што се потсетува, сведоци сме биле на повеќе слични примери во минатото.

– Не е ништо ново мешањето на туѓи држави во нашата домашна политика. Ако се сеќавате, поранешниот премиер на Косово Хашим Тачи имаше блиски координации за одредени теми со лидерот на ДУИ Али Ахмети, така што не би ме изненадило овојпат албанскиот премиер Еди Рама да има слични реалации со лидерот на Алијанса за Албанците.

Треба да сфатиме дека на Рама му е важно да се одржи актуелната македонска власт, да се зголеми парламентарното мнозинство и да се смени македонскиот Устав, со цел почеток на преговорите со ЕУ за Македонија и за Албанија. Во случајов, не дека не можат да си подадат рака и да се договорат премиерот Димитар Ковачевски и Арбен Таравари, ама очигледно, помошта од странство е многу поважна и повеќе се цени.

Во поглед на понудата, искрено не верувам дека Алијанса за Албанците ќе добие три министерства, но дури и да е така, тоа ќе значи дека Алтернатива ќе добие некое друго министерство, а ќе го отстапи Министерството за здравство. Претпоставувам дека и затоа сега ги пуштаат сите тие афери во здравството со цел да се искреира ситуација дека актуелниот министер Беким Сали не го води добро својот сектор.

Во секој случај, СДСМ е подготвена на сѐ само за да остане на власт. Човек ќе си помисли дека тие дури се подготвени да имаат само премиер, а за сите други важни позиции да се испазарат во замена за останување на власт – објаснува Пекевски.

Од Алијанса за Албанците засега не сакаат да коментираат и велат дека важи истиот став на лидерот Таравари дека сѐ уште не е добиена никаква понуда од власта, но и дека осумте пратеници ќе гласаат за уставните измени без разлика дали се на власт или во опозиција.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО