Моменталната надворешна температура во Скопје е 13 степени, па затоа ЕСМ не го вклучува греењето велерва за скопјани. Но, граѓаните на големо се жалат дека е лано во становите и дека е потребно греење.
Абе парно ќе пуштите БЕ? Алоооо
— SkopjanecoT (@skopjaneco_t) October 15, 2022
И пак нема парно
— BRICS simp (@CapitalPig1508) October 15, 2022
Радијатори имам парно немам,
аџанак баџанак….— Вујкото Ване (@Vujkoto_Vane) October 15, 2022
Ако вака мислат да пуштаат парно подобро да не пуштаат уопште! Крф да мочаат
— 🔪ЛИЛЕСТЕЧАЈКА🦴 (@Biktop16) October 15, 2022
Инаку, денеска министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на електрани на Македонија Васко Ковачевски ја посетија топланата „Исток“ во Скопје, по што ги уверија жителите на главниот град дека ќе има доволно топлинска енергија до крајот на грејната сезона.
„Во текот на зимската сезона сакам да им гарантирам на сите граѓани дека се направени сите подготовки и граѓаните да не создаваат никаква паника, бидејќи капацитетот на институциите е на вистинско ниво. Технолошките подготовки се на вистинско ниво и сите домаќинства, микро, мали и средни компании ќе продолжат да се снабдуваат со топлинска енергија и електрична енергија, изјави министерот за економија“, Крешник Бектеши.
Директорот на електрани Васко Ковачевски рече дека енергенсите се обезбедени до крајот на октомври и без разлика дали ќе работи компанијата ТЕ-ТО. Ковачевски смета дека со менаџирање на сите капацитети во државата успешно ќе ја поминеме оваа грејна сезона
„Топлинска енергија во термоцентралите што ги изнајмуваме од „Адора“ во топлани на „Исток“ и „Запад“. Утрово во 5 часот и 50 минути грејните тела почнаа на температура од 9 степени, работеа до 9 часот и 15 минути кога беше достигната надворешната температура од 12 степени и во овој период беа испорачани 997 мегават часови топлинска енергија“, вели директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски.