4.8 C
Skopje
среда, април 5, 2023

РАБОТНИЧКИ ПРАВА не постојат во МК, работнички ЛАГИ колку сакате, смета Богојески

ТОП ВЕСТИ



Поглед:
2


Во Македонија не постојат работнички права, има само работнички лаги, смета лидерот на Македонски Концепт Петар Богојески.

Според него, доколку било кој работник побара нешто кое по закон му следува, надоместок, регрес, слободни денови поради смрт на член на семејство, преселување или брак и сл. веднаш завршува со опомена.

Доколку е упорен во барањето, тој по правило завршува со отказ. Исплукан и избркан од работа, со лош имиџ, тешко да најде втора сериозна понуда.

Најтешко им на граѓаните кои се самовработуваат, кои имаат свои мали фирми. Тие се под тортура на корумпираните административци, инспектори, партиски кучиња.

И тука кабает се самите работници. Каде им се синдикатите или Левиците на кои им веруваат и ги гласаат?

Плукаат по нас десничарите, а ние единствено реално се бориме за систем на вредности и права за секој човек. На крај ќе испадне онаа познатата дека само десничарите како мене ги разбираат маките на работникот, па затоа и станале десничари.

Јас потекнувам од такво, работничко, чесно и поштено семејство, па знам што значи работничката мака и нахилноста на властите кон беспомошните граѓани. Кои и да се тоа власти, без партиски разлики.

Доколку продолжите да верувате во лажни приказни во разни Левици или синдикати, вие ќе си останете само со тоа, со работнички лаги во рацете, а со работнички права во соништата.

Вие си знаете, нагласува Богојески.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО