Поглед:
18
Генералот Сергеј Суровикин ги собра сите медали и може да се пофали со уште две други почести: одобрување од страна на чеченскиот диктатор Рамзан Кадиров и шефот на компанијата Вагнер, Евгениј Пригожин. Железната двојка го цени неговото назначување за врховен командант на операциите во Украина.
На новиот генерал му претходеше репутацијата на јастреб уште од првите чекори во кариерата. Хрониките потсетуваат дека тој пукаше во продемократските демонстранти во 1991 година, потоа влезе во неволја поради корупција, се истакна во чеченскиот конфликт и остави свој белег на жестокост водејќи војници во Сирија, каде што дејствуваше во тандем со платениците на Пригожин.
Преминот на патот кон Дамаск, во 2017 година, му овозможи да му покаже на Кремљ како да се „постапува“ со бунтовниците кон режимот на Асад: ефикасност, тешка рака, решителност без да се внимава на цивилните жртви.
Така постигна значајни успеси против слабо вооружаниот противник, поделен на фракции, со релативна надворешна поддршка. Многу поинаков терен од украинскиот, каде што треба да се натпреварува со истрајните борци, поддржани од НАТО.
55-годишникот од Новосибирск, порано бил задолжен за воздухопловните сили, а сега е врховен командант на операцијата во Украина на која треба брзо да и стави крај.
Но не е само Сергеј Суровикин – човекот со „тешка рака“ на кого се надева Путин, туку и на Алексеј Дјумин, поранешен шеф на гардата на Путин, поранешен припадник на специјалните сили и актуелен гувернер на Тула кој треба да застане на чело на министерството за одбрана, на местото на Сергеј Шојгу.
Според платеничката група војници Вагнер, Генералштабот мора да оди во рацете на генералот Матувников, „подигнат“ во избраните единици на КГБ / ФСБ.
Некои „советолози“ гледаат со скептицизам на овие гласини и возвраќаат: Шојгу е дел од системот, тој претставува важна фракција, додека Валериј Герасимов го отелотворува естаблишментот во униформа, можно е Путин да не е подготвен да ги жртвува или да ги употреби како „громобрани“.
Во секој случај, Путин веќе го избра Суровикин со надеж дека ќе ја рестартира мисијата, фокусирајќи се на изнемоштеноста на Украинците и на масата мобилизирани руски војници.
Еден руски аналитичар рече дека генералот може да се потпре на стариот систем кој го фаворизира квантитетот пред квалитетот, убеден дека на крајот Зеленски „ќе остане без муниција“, а Русите ќе ја го искористат тоа и ќе победат.