4.8 C
Skopje
среда, април 5, 2023

Првиот човек на МК објави нова АФЕРА на власта!: „Зошто вакво крвничко крадење?!“

ТОП ВЕСТИ



Поглед:
15


Политичарот Петар Богојески, лидер на партијата „Македонски Концепт“ дава здраво објаснување зошто во овие моменти Македонија не увезува струја, а власта го лаже народот дека таа е исклучително скапа.

Богојески својата теза ја образложи на неговиот Фејсбук профил, од каде целосно ја преземаме и ја пренесуваме.

„Еве зошто“ – го почнува својот статус Богојески и понатаму објаснува:

„Во овие моменти струјата е 6,5 ден за 1kw на светски берзи…
Во ист момент народот во Македонија плаќа 13 ден за 1kw, плус загуби во пренос и мрежи и… демек субвенционирана струја!

Пазете, цел свет, бизнисот низ светот, а не само граѓаните, плаќаат 6,5 ден, а Македонците околу 16/17 ден за 1kw!!!!!

Тоа значи дека народот плаќа најскапа струја, а политичарите го лажат дека е повластен, дека плаќа субвенционирана струја и дека истата мора да се произведува во Македонија, за да биде поевтина!!!
Вистината е обратна!

Во овој момент тие произведуваат струја зашто имаат веќе договорени набавки на мазут, јаглен, гас по „ефтини цени од контактите”, а ќе увезуваат кога таа ќе биде најскапа на свет!
Така фирмите на бандите, на власта, ќе заработат милијарди, не милиони, туку милијарди за една зима, а сето тоа ќе го плати овој сиромав народ и нашиот мачен бизнис, мали и средни претпријатија, кои чесно работат и плаќаат даноци и сметки!“, заклучува политичарот.

Инаку, „Македонски концепт“, како партија на народот, се заколна да ги штити интересите на народ и д делува во име на народот.

„Доколку добиеме доверба од истиот тој народ, ние сето ова внимателно го следиме и бележиме… се запишуваме… дебело ќе се лежи и се ќе се наплати од бандите кои не ограбуваат! Се! Се! До денар!
Ова е МЕГА КРИМИНАЛ, во кој учестуваат структури и на власта и на опозицијата!!!
Сите до еден ги знаеме и ќе ги спакуваме! НИЕ сме тука за народот! А вие си знаете!“ – поентира Богојески.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО