Поглед:
17
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА – 27 ФЕВРУАРИ 2023 ГОДИНА МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ СО ПРВ ЧЕКОР ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ
Со оглед на значителната енергетска криза, чија санација има сериозен ефект врз животната средина и квалитет на воздухот, нашиот Стручен тим за енергетика (СТЕ) предлага комбинирано решение за еколошко греење и производство на електрична енергија.
Инвестицијата во т.н. „комбинирани постројки – топлани“ кои ќе работат на природен гас, а од нив ќе се произведува топлинска и електрична енергија, е исплатлива за краток временски период и претставува оправдана капитална инвестиција, за повеќе градови во Македонија, пред се за Град Скопје – прв регион за реализација.
Разгледана и оправдана е замена на оперативните топлани на ниво на град Скопје со комбинирани постројки, кои би овозможиле вишок на електрична енергија на ниво на држава, поголема од инсталираната топлинска, со истата потрошувачка на природен гас, следствено на што ќе се намали увозот на струја, но и ќе се обезбеди ефтино електрично греење на станбени површини, кои во моментов се надвор од системот за централно греење.
Корисниците ќе добијат квалитетно 24 часовно греење и електрична енергија од сопствено производство за цена која веќе ја плаќаат само за затоплување – греење во градот Скопје, односно ја плаќаат сите граѓани преку субвенциите од Буџетот.
Тоа ќе бидат модерни постројки по сите стандарди за екологија, со што и би произвеле еколошки чиста енергија, по наjвисоки европски стандарди. Најважно, ќе добиеме чист воздух во сите поголеми градови во Македонија и повисок стандард на квалитет на живот на реалниот човек. Дополнително, од увозници може, чекор по чекор, да станеме извозници на електрична енергија на европскиот пазар, од чиј приход ќе се врати инвестицијата.
Буџетирање од апроксимативни 945 000 000 евра, локации за изградба на когенеративните постројки (капацитет од приближно 200 MW потребна е волумен од : должина 47 m, ширина 30 m и висина од 9 m), проектна документација за гасоводна мрежа со пропратни елементи за поврзување на постројките, за изградба на комбинирана постројки, за приклучување кон постоечкиот топловоден систем и за приклучување на електричната мрежа.
Во моментот трошиме само за греење 60 000 000 природен гас со средна цена од 1,5 евра или 90 000 000 евра само во едно годишна грејната сезона од 6 месеци, а струја увезуваме или од свое производство за која дополнително плаќаме огромни суми. Доколку само во Град Скопје инсталираме капацитети за 450МWh топлинска или 630MWh електрична енергија, само за 6 месеци би произведиле 2 721 600 MWh струја, која денес ја купуваме по 200 евра за MW за што плаќаме 544 320 000 евра. Кога ќе ја произведуваме во комбинирани постројки, вкупната инвестицијата би се вратила за само 5 години, бидејќи покрај топлината ќе добиеме целосно бесплатна струја.
За реализација на предметниов проект можеме да искористиме ЕУ фондови, како би дошле во позиција на помала енергетска зависност и исклучување од употреба на другите енергетски капацитети на фосилни горива, кои емитуваат енормно загадување на животната средина во Македонија.
НАПОМЕНА: Пресметаниот период за анализата е 6 мецеси грејната сезона за производство на топлотна и електрична енергија, користејќи вредности од отворени извори од државните инстутиции и референти вредности за ориентациона финансиска пресметка за инвестицијата и повратот на истата.
Македонски Концепт проектот ќе го реализира преку т.н. јавно претприемништво, со што значително ќе се намали јавната администрација во сектор енергетика, а во исто време ќе го исполниме нашето ветување за „живот во склад со природата“, преку обезбедување на чист воздух и драстично намалување на сечата на огревно дрво и зголемување на сопственото производство на еколошки чиста електрична и топлинска енергија.
Тим за енергетика на Македонски Концепт
Тим лидер, м-р Филип Ставровски дипл.маш.инж