Претседателот Стево Пендаровски го посети Чучер Сандево по повод Свети Сава.
Пендаровски на својот фејсбук профил напиша дека Чучер Сандево и во иднина ќе биде позитивен пример за меѓуетнички соживот и заедништво.
„Им благодарам на домаќините за гостопримството и на сите жители од српската заедница во општината. Уверен сум дека Чучер Сандево и во иднина ќе биде позитивен пример за меѓуетнички соживот и заедништво.”- стои во неговата објава.