На 23.10.2022 околу 21.20 часот во СВР Скопје, И.П. пријавила дека настанал пожар во семејната куќа во с.Катланово, во која во моментот бил нејзиниот сопруг Ж.П.(43) од с.Катланово.
Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје, а Ж.П., кој се здобил со изгореници, бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.