4.8 C
Skopje
вторник, април 4, 2023

Повторно тензии: Џафери порача Мицевски да се врати на место, тој му врати „не сме кај тебе дома!“

ТОП ВЕСТИ

Повторно тензии во Собранието.


Претседателот на Собранието, Талат Џафери и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мивески си разменија неколку високи тонови.

Имено, Мицевски реагираше дека не добил збор иако барал процедурално да се обрати пред пратениците.

Според него, Џафери бил должен да му го дозволи тоа, но претседателот на Собранието му порача да си оди на место.

„Оди си на место. Јас не сум нервозен. Оди си на место, кога ќе ти дојде време ќе се обратиш“, рече Џафери.

На ова Мицевски му порача дека не се кај него дома.

„Кога координатор на пратеничка група ќе побара процедурално обраќање, претседателот на Собранието е должен да го дозволи тоа. Сигурно сега нема да се расправаме за оваа работа тука“, врати Мицевски.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО