9.8 C
Skopje
петок, април 12, 2024

Повторно фалсификати од школата на Асаф, класична монтажа – единствен кој злоупотребува болни е СДС, профитираа од болните од рак и модуларните болници од кои една изгоре и живот изгубија 14 луѓе

ТОП ВЕСТИ




Поглед:
11


СООПШТЕНИЕ ВМРО – ДПМНЕ


11.04.2024



На измислиците на СДС им нема крај. Лага до лага, фабрикација до фабрикација.


И денешниот прес на СДС каде обвинуваат за наводна злоупотреба на документи е уште една манипулација, класична монтажа и фалсификуван документ од школата на Асаф Еисин.


Единствен кој злоупотребува болни во Македонија е СДС, кои крадеа милиони на грб на болните од рак.


Милиони се испумпани додека на болните од рак наместо терапија им е даван физиолошки раствор.

Поголема злоупотреба на болни од случајот Онкологија нема. А, за тоа одговорни се СДС.

Втора злоупотреба на болни е кога СДС реши да профитира на модуларните болници, па поставуваше „картонски кутии“ како болнички објекти, кои во Тетово се запалија и одземаа живот на 14 наши сограѓани.

СДС ги злоупотребува и болните од цистична фиброза, кои останаа без терапија.

Време на злоупотреба на болните завршува. Промените се во рацете на граѓаните. Македонија ќе биде повторно на граѓаните.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО