2.8 C
Skopje
четврток, април 6, 2023

Постапка против 17 лица за насилство во Куманово

ТОП ВЕСТИ

Во врска со настан регистриран на видео снимки објавени на социјалните мрежи во Куманово, Основното јавно обвинителство Куманово постапува по кривична пријава против вкупно 17 лица.


Против 10 пријавени надлежен јавен обвинител веќе поведе постапка за кривично дело – Насилство од член 386 став 2 од Кривичниот законик. До судијата на претходна постапка од Основниот суд Куманово за нив е поднесен предлог за определување мерки за претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште, привремено одземање на патната или друга исправа за преминување на државната граница и обврска повремено да се јавуваат во суд.


За останатите пријавени, меѓу кои има и малолетни лица, одлуката за натамошниот тек на постапката ќе биде донесена в понеделник.​​

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО