6.8 C
Skopje
понеделник, април 3, 2023

Пописот покажа – еве колку граѓани во Бугарија се чувствуваат како Македонци

ТОП ВЕСТИ

Денеска бугарскиот Национален статистички институт ги презентираше податоците од пописот на населението реализиран минатата година.


Освен Бугари, кои доминираат со скоро 85 проценти, како припадници на други етнички заедници се прикажани Турците и Ромите, а сите други, за кои не се соопштени податоци за припадноста, се прикажани во група „други“ кои сочинуваат 1,3 отсто од населението.


На новинарско прашање кои се другите етнички групи, сосема на крајот беа спомнати Македонците, а такво „чувство“ изразиле вкупно 1.143 лица.

Бугарската етничка група брои 5.118.494 луѓе, или тоа се 84.6 отсто од вкупното населени.

Инаку, при отворањето на бугарскиот клуб во Битола, бугарската потпретседателка Илијана Јотова рече дека во Бугарија нема Македонци.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО