Петар Богојески од Македонски концепт вечерва во интервју за Сител телевизија истакна дека политичките лидери кои вечерва се на средба во Тирана со амбанскиот премиер Еди Рама прават кривично дело.
Според него, самата средба е директно мешање во внатрешните работи на Македонија.
„Едноставно, директно мешање во внатрешните работи на Македонија од страна на албанскиот премиер Еди Рама, а од друга страна правење на кривично дело од страна на политичките лидери на партиите кои го обединуваат етничкиот … македонските граѓани од албанската етничка заедница затоа што директно тоа што го најавуваат како тема за разговор, а тоа се замислете уставни амандмани за Македонија, тоа е директно суспендирање на уставниот поредок на земјата што е повторно кривично дело“, вели Петар Богојески.
Според него, овој тип на политики на Рама и неговите измеќари од Македонија прават дестабилизација на Балканот.