Поглед:
3
Руски полицајци упаднаа во московскиот дом на Ксенија Собчак (40), ќерка на поранешниот ментор на Путин и жесток критичар на Кремљ.
Собчак во руските медиуми е позната и како руска Парис Хилтон поради учеството во тамошните реални шоуа, пред да стане ТВ новинарка и активистка.
Руските новински агенции Тасс и РИА Новости објавија дека полицијата упаднала во луксузниот дом на Собчак во предградието на Москва.
Иако моменталното место на живеење на Собчак не е познато, таа самата претходно ја коментираше истрагата против нејзиниот уредник, наведувајќи дека неговото апсење било „дел од напорите на властите да ги задушат независните медиуми“, пренесува Sky News.
Инаку, Ксенија е ќерка на Анатолиј Собчак, првиот демократски избран градоначалник на Санкт Петербург – и на кого Владимир Путин му беше заменик во 90-тите години на минатиот век.
Собчак има над девет милиони следбеници на Инстаграм, а својата политичка кариера ја започна за време на протестите против Путин во 2011 и 2012 година.
Во меѓувреме, таа стана истакната критичарка на рускиот претседател, а во 2018 година се кандидираше за функцијата претседател на Федерацијата. Но, на изборите таа собра 1,7% од гласовите и заврши на четвртото место.