Претседателот на РСМ, Стево Пендаровски изтази сочувство до семејството на политичарот Франсоа Леотар и до францускиот народ за загубата.
„Франсоа Леотар ќе биде запаметен по важната улога во склучувањето на Охридскиот рамковен договор. Неговата поддршка ни беше значајна, како и поттикот дека македонското општество може демократски да се развива“, сподели претседателот.
Леотар е поранешен министер за култура и одбрана во Франција, а на македонската јавност ѝ е познат како еден од двајцата олеснувачи за постигнување на Охридскиот рамковен договор во 2001 година. Леотар беше специјален претставник на ЕУ, додека другиот олеснувач беше Џејмс Пердју од САД, кој почина во јуни 2021 година.