-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

ПО ПЛАНОТ ЗА ШТЕДЕЊЕ? АЕК пак вработува, почетна плата 80 илјади или 50 илјади без искуство

ТОП ВЕСТИ

Агенцијата за електронски комуникации повторно вработува, па за тоа деновиве на веб страницата на Агенцијата за администрација осамнаа три огласи за вработување во Агенцијата за електронски комуникации, регулатор на телекомуникациските оператори во земјава.


Во огласите се бараат двајца советници на директорот, за кои на почетната плата ќе изнесува 80 илјади денари, додека, пак, платата на еден помлад соработник без искуство, ќе биде 50 илјади денари, јавува Фактор.

Според порталот, двајцата советници на директорот треба да бидат високо образовани и да имаат завршено електротехника, компјутерска техника и информатика или информатика.

Како услов кој е наведен дека треба да го исполнуваат е да имаат најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку 10 години работно искуство во струката од кои најмалку три години на раководно работно место во приватниот сектор.

Двајцата советници, според годишниот план на Агенцијата, треба да бидат Албанци според својата националност.

Помладиот соработник за прибирање и обработка на податоци, за кого исто така е распишан оглас, треба да има економски факултет или високо образование од областа на организациони науки и управување (менаџмент) или, пак, политички науки.

Овој кадар не мора да има никакво досегашно работно искуство, а треба да биде Турчин според својата етничка припадност.

Извор: Фактор

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО