Како што дознава ,,Инфомакс” од сигурни извори, откако навивачите на ПАОК од Солун направија инцидент во Скопје и пробаа да нападнат младо момче со обележје на Вардар кое случајно се движело во центарот на главниот град, на излезот од Скопје се случил нов инцидент.
Овој пат група на македонски навивачи го каменувале автобусот со навивачи од Грција кои биле на пад да си заминат од Македонија. За среќа не дошло до посериозен инцидент, по што веднаш реагирале од ЕБР.