Советот на Јавни обвинители нема кворум за закажување на седница за избор на нов шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје. Претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски, вели дека најрано што очекува да се обезбедат услови е кон средината на декември, но не гарантира дали тоа ќе се случи.
Во трка за шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје беа тројца кандидати, но по повлекувањето на обвинителката Фатиме Фетаи, кандидатурата ја повлекол и Бурим Рустеми. Засега единствена кандидат за функцијата останува постојниот обвинител Мустафа Хајрулахи.
Претседателот на Советот на јавни обвинители, Јолевски, потврди дека Рустеми вчера до нив поднел известување дека се повлекува од кандидатурата, но без да образложи причини за тоа.