-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

По 3.000 денари наредните 4 месеци за невработените и социјалците – пензионерите ќе добијат по 1.500 денари

ТОП ВЕСТИ

42.000 граѓани ќе добијат по 3.000 денари во наредните 4 месеци од Владата за соочување со економската криза. Ова денеска го најави премиерот Димитар Ковачевски на презентацијата на антикризните мерки подготвени за социјалните семејства. Ковачевски најави дека Владата издвоила 350 милиони евра за мерки за енергетска и економска криза.


„Согласно овие препораки дизајниравме мерки за социјално ранливи категории на граѓани. Со овој сет антикризни мерки пред сѐ обезбедуваме по 3.000 денари месечно, во наредните 4 месеци, или вкупно 12.000 денари за скоро 42.0000 граѓани. (Тука спаѓаат лица кои користат право на социјална сигурност, лица кои го користат правото за попреченост, родители на децата со попреченост до 26 годишна возраст кои користат право на посебен додаток, лицата со попреченост кои користат право за помош и нега од друго лице, лицата со потешки трајни промени во здравствената состојба, самохрани родители корисници на ГМП, како и невработени лица). За оваа мерка вкупно се издвоени над 8 милиони евра“, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Во антикризниот пакет се вклучени и пензионерите.

„Директна финансиска поддршка од вкупно 6.000 денари во наредните 4 месеци (1500 денари месечно) има и за пензионерите кои земаат до 11.525 пензија, а тоа се над 91.600 пензионери наши сограѓани. Воедно, директна финансиска помош од вкупно 3.000 денари обезбедивме за пензионерите кои земаат пензија од 11.525-14.000 денари, односно над 66.000 пензионери. За оваа мерка, за нашите пензионери издвоивме над 12,2 милиони евра“, додаде премиерот.

Помош за покривање на трошоците за струја ќе добијат и фирмите со ниски примања.На 4 илјади граѓани ќе им се помогне да платат струја, додека фирмите ќе бидат ослободени од ДДВ за увоз на гас. За земјоделците се доделени 52 милиони евра.

Овие мерки треба да поминат во Собранието.

„Очекувам дека сите пратеници, освен Левица, ќе бидат на ниво на задачата и што побрзо ќе ги усвојат овие законски измени“, кажа Ковачевски.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО