Собранието на денешното продолжение на 88. пленарна седница со 63 гласа за, и 30 против го изгласа новиот министер за локална самоуправа.
Се работи за поранешниот градоначалник на Скопје и некогашен пратеник Ристо Пенов кој речиси 10 години беше надвор од политиката.
Пенов е предложен од страна на политичката партија ЛДП, а застанува на министерското место откако министерот за локална самоуправа Горан Милевски на 20 септември годинава поднесе оставка од функцијата од лични причини.