Игор Пехчевски, пациент со цистична фиброза, на својот Фејсбук профил излезе со реакција по повод оградувањето од страна на Асоцијацијата за цистична фиброза.
„Сострадувам и се борам за СИТЕ мои Соборци болни од Цистична фиброза, но се смеам кога под ПРЕТСЕДАТЕЛОТ и ПРЕТСЕДАТЕЛОТ први ќе добијат од лекот а пред да го добијат ќе цимолат и не можат да добијат ништо додека едно дете кое никој не го знае и познава не излезе со ТРАНСПАРЕНТ од болничкиот кревет „ТРИКАФТА ЗА СИТЕ“. Потоа во името на @Asocijacija za cisticna fibroza каде сите треба да бидеме еднакви организираат средби, работни групи за да на крајот го добијат лекот и без срам се оградуваат од БОРБАТА на еден свој СОБОРЕЦ, нарекувајки го Игор Пехчевски П.С. Фики Fiki Gaspar и Ивана Ivana Atanasoska нели капетаните последни го напуштаат бродот, Вие први го сторивте тоа.
Нека ви служи на честа“, пишува Пехчевски.