-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

Павле Трајанов: Ако има 60 пратеници, јас ќе бидам 61 да се распушти Собранието и да одиме на избори

ТОП ВЕСТИ


Претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов истакна дека доколку има 60 пратеници за избори во мај, тој ќе биде 61-от.


Според него, со оглед на состојбата во државата, речиси сите партии сметале дека сега не е време за избори.

„Мислам дека е поразумно, доколку се отвори таа тема, да се постигне договор евентуално за идната година. Предвремени избори да се одржат во април или во мај. Ако има 60 пратеници „за“, јас би бил 61-от. Тоа е добро и за СДСМ и за претседателот Ковачевски, за да добие легитимитет. Бидејќи еден од главните напади од политичките противници и критичарите е дека тој не бил на избори. Засега нема некое посебно расположение кај СДСМ и ДУИ за предвремени избори. Но, ќе видиме дали состојбите ќе наметнат услови сепак да се организираат предвремени избори“, додава Трајанов во интервјуто за новиот број на неделникот „Фокус“.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО