-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

ПАНИКА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА – Имаат гас само за 9 дена! Прекините на струја се неизбежни!

ТОП ВЕСТИ



Поглед:
3


На Велика Британија и останува гас само за уште девет дена, предупредија челниците на Бритиш Гас, која е во сопственост на мултинационалната компанија Сентрика, а пренесуваат британските медиуми.

По увидот во магацинот, констатирано е дека состојбата е алармантна. Сентрика, која се занимава со енергетски системи ширум светот, објави дека Велика Британија има некои од најниските нивоа на складирање гас во Европа, во споредба со Германија која има резерви за 89 дена, Франција за 103 и Холандија за 123 дена.

Земјите ширум Европа складираат гас пред зимата, бидејќи испораките од рускиот гасовод опаднаа, но Британија има многу мал капацитет за складирање по затворањето на Rough во 2017 година.

Со капацитет од речиси 120 милијарди кубни метри, тоа беше најголемото складиште за гас во Западна Европа, но стана непрофитабилно по техничките проблеми и долгото реновирање.

Сепак, по руската инвазија на Украина и зголемената загриженост за снабдувањето со гас оваа зима, Сентрика го надгради објектот и почна да ја пополнува локацијата на почетокот на есента. Сега има околу 20 милијарди кубни метри гас на локацијата, а капацитетот ќе достигне 30 милијарди кубни метри оваа зима, што е еквивалент на околу девет ЛНГ танкери.

„Ова би можело да задоволи веројатно 3-4 отсто од побарувачката во домовите во Велика Британија за време на зимската шпиц-грејна сезона“, рече извршниот директор на „Сентрика“, Крис О’Ши, додавајќи дека може да загрее милион домови за 100 дена.

Националната мрежа ЕСО (оператор на електроенергетскиот систем) ги предупреди Британците дека би можеле да се соочат со планирани дневни прекини на електрична енергија од по три часа, доколку има недостиг на гас оваа зима.

Ова беше најлошото сценарио претставено во извештајот минатиот месец – но системските оператори инсистираат дека е „малку веројатно“ тоа да се случи.

Но, постои и план според кој може да има континуиран прекин на електричната енергија доколку системот биде преоптоварен во текот на зимата.

Засега се уште не се знае какво сценарио ќе се примени, бидејќи, како што велат надлежните, се зависи од „состојбата на терен“ и од „движењата на пазарот“.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО