На 19.04.2023 во 12.00 часот во ОВР Кавадарци, од Итна медицинска помош било пријавено дека на објект во изградба на ул.„Брегалница“ во Кавадарци, Д.С.(60) од Кавадарци паднал додека извршувал работни задачи за градежна фирма и починал на местото на настанот. Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од ОВР Кавадарци.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.