-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

Ова се најважните настани во 2022 година во Македонија

ТОП ВЕСТИ

Ако во светот најважа вест беше враќањето на војната во Европа, Македонија не беше поштедена од дебатата за донација на воена опрема и помош на Киев.


Годината започна турбуленто, по оставката на тогашниот премиер Зоран Заев и одлуката да се повлече од лидер на СДСМ и претседател на Владата, на негово место дојде Димитар Ковачевски кој состави нова Влада. Заев ја нашушти политиката по лошите изборни резултати, но и лошото котирање на изборните анкети.

Заев во историја! Македонија доби нова Влада на чело со Димитар Ковачевски

Веќе следниот месец, војната се врати во Европа, а македонските политичари од власта го искористија моментот да потсетат зошто е важно да сме дел од НАТО Алијансата. На 3 март Собранието на Северна Македонија одобри декларација со која се осудуваат „воените напади кои го загрозуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Украина“, во која се повикани надлежните институции да бидат во тесна координација со земјите членки на НАТО и на Европската Унија (ЕУ).

ЛДП со Декларација до Собранието за осуда на нападот врз Украина

Војната донесе економска, но и енергетска криза. А инфлацијата достигна рекордно највисоко ниво од осамостојувањето на Македонија.

Македонското срце биеше силно во март, затоа што срцето беше на терен во дресот на нашата репрезентација. На 25 март фудбалската репрезентација на Северна Македонија на Стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо го совлада европскиот шампион Италија со резултат 0:1 во полуфиналето на плејоф турнирот од европските квалификации за Светското првенство во Катар 2022 година.

На скопскиот плоштад вечерва ќе се слави победата над Италија

Во 2022 година по две децении конечно и се преброивме. Резултати кои секако дека беа оспорувани од политичкиот опоненет. На 30 март Државниот завод за статистика на Северна Македонија ги објави резултатите од пописот на населението во земјата, при што соопшти дека се регистрирани вкупно 2.097.319 државјани на земјата, од кои 1.836.713 се жители, а 260.606 се нерезиденти. Последниот попис на населението во земјата беше одржан во 2002 година.

1.836.713 граѓани живеат во Македонија – од нив 58,44% Македонци, 24,3 Албанци

Највредниот пехар за Светското првенство пристигна во Скопје. Златниот пехар беше откриен од претседателот на Македонија, Стево Пендаровски и бразилската легенда Жилберто Силва.

Пехарот од Светско првенство пристигна во Скопје

Опозицијата најави бурно лето. Така беше барем ден до гласањето на т.н француски предлог за кревање на бугарското вето. Протести пред Собранието секој ден додека траеше расправата по истиот.

Почна протестот против францускиот предлог

На 16 јули Собранието на Северна Македонија ги одобри заклучоците со кои Владата се обврзува да го продолжи процесот со ЕУ, како и да ја одобри рамката за преговори за членство во Европскиот блок, односно „францускиот предлог“, предложен од претседателството на Франција со Советот на ЕУ.

ФОТО+ВИДЕО: Автомобили се паркираа пред Влада, ќе се кампува против францускиот предлог

ВИДЕО: Оро се игра пред Влада

ВИДЕО: Пред Собранието поставена и гилотина

На 19 јули во Брисел се одржа првата меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Северна Македонија и Албанија, која го означи отворањето на преговорите за членство на двете земји во ЕУ.

Ковачевски и Рама во Брисел на првата меѓувладина седница

На 19 октомври преку електронски адреси започнаа заканите за поставени бомби во училишта, државни институции, јавни претпријатија и трговски центри, кои продолжија и во декември, а полицијата во земјата подоцна ги провери сите закани и утврди дека се лажни.

ФОТО: Скопје остана без јавен превоз, ама не поради штрајк на вработените кои немаат земено плата, туку лажна дојава за бомба

МВР со детали за „бомбата“ во ЈСП: Вработен го испратил маилот, „ако не добиеме плата, ќе пукне!“

ЧИТАЈ ИСТО ТАКА:

Кои познати личности ги загубивме во 2022 година?

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО