-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

Османи: Теба да се стави црта на циклусот меѓусебни обвинувања меѓу Скопје и Софија

ТОП ВЕСТИ

Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска во одговор на новинарско прашање дали ќе испрати протестна нота до Бугарија за демолирањето на македонскиот клуб во Благоевград, кажа оти е време да се стави крај на вициозниот циклус на меѓусебни обвинувања.


– Ние имавме долго соопштение од МНР вчера во коешто ги коментиравме сите аспекти од случувањата. Мислам дека сите си кажавме тоа што имавме да кажеме. Ние ги кажавме нашите ставови, Бугарија ги кажа своите ставови, и време е да кажеме доста е на оваа пинг-понг дебата меѓу нашите општества и наше вовлекување во бугарската предизборна кампања.Само во Северна Македонија од 2006 има 15 изборни циклуси. Речиси секоја година. Уште ни требаат и бугарските избори да ни влезат во нашето општество, и да ги пореметиме граѓаните. Мислам дека тука треба да ставиме црта, рече Османи.

Тој повтори дека се што требале да кажат на Софија го сториле тоа преку соопштенија, а денеска дури, како што рече, и до Европскиот парламент информиравме по однос на написите на еден европски пратеник од Бугарија.

-Но навистина мислам дека треба да ставиме црта, затоа што ова нема да има крај и понатаму ќе ескалираат и ние ќе бидеме вовлечени во вртлогот на нестабилното политичко општество во Бугарија, а за тоа има интерес од политички фактори и други фактори кај нас. За жал имам чувство дека има невидлива рака којашто ги пореметува и поттикнува овие работи и во Бугарија и кај нас. Ние не смееме да потклекнеме на таквите провокации, имаме доста предизвици овде, имаме скрининг којшто е во тек, имаме реформи што треба да ги спроведуваме и да ги поштедиме граѓаните од овој немир, да ја оставиме дипломатијата да си ја врши својата работа и да ја повикам Бугарија да стави стоп на оваа каскада на меѓусебни обвинувања, да воспоставиме комуникација, да ја вратиме позитивната агенда и сите разлики ќе ги најдеме на маса меѓу дипломатите, рече Османи.

Тој испрати порака до Бугарија дека сме подготвени таму каде што застанавме во меѓусебната комуникација.

-Сакам да испратам порака до Бугарија – ние сме спремни да продолжиме таму каде што оставивме, да ја видиме позитивната агенда да го вратиме психолошкиот мир меѓу нашите граѓани и да разговараме за иднината. Да ставиме црта на тој вициозен циклус на меѓусебни обвинувања сакам да ставам црта – ако има разбирање во Република Бугарија и го прифатат овој наш повик, тоа ќе биде во интерес на двете држави, доколку не, тогаш ќе се адаптираме на новиот развој на случувањата, кажа Османи денеска на прес-конференција по Конференцијата за борба против антисемитизмот што се одржа во Скопје.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО