-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

Османи на Самитот на Франкофонија на средби со Трудо, Мишел и други светски лидери

ТОП ВЕСТИ

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во рамките на денешниот Самит на шефови на држави и влади на Франкофонијата, што се одржува во островот Џерба, Тунис, оствари серија билатерални средби со бројни светски лидери, меѓу кои и со канадскиот Премиер, Џастин Трудо, како и со Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.


Во рамките на средбите, покрај темите на Самитот на франкофонијата, Османи ги искористи за размената на мислења за актуелните теми поврзани со европските интеграции на земјата, геополитичките предизвици во рамките на сојузништвото во НАТО, како и за приоритетите на претстојното претседавање со ОБСЕ во 2023 година.


Светските лидери на земјите членки на Франкофонијата два дена беа собрани во Џерба, Тунис, на Самитот на франкофонијата што за прв пат се одржува во северноафриканска арапска земја, а каде учествуваа шефови на држави и влади на 88 земји од 5 континенти.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО