-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

Османи на брифинг со шефови на странски дипломатски мисии во земјава

ТОП ВЕСТИ

Министерот за надворешни работи денес, (5 декември 2022) одржа брифинг со шефови на странските дипломатски мисии и мултилатерални организации во земјава, каде ги претстави најзначајните активности во надворешната политика во изминатата година. Во рамките на претставувањето на работата на МНР, Османи направи осврт и кон претстојните активности на дипломатијата во 2023 година, со посебен акцент на актуелностите во однос на нашето ЕУ досие, претседавањето со ОБСЕ во 2023 година, претседавањето со САД -Јадранската повелба (А5), во делот на имплементацијата на политиките на НАТО во регионот, како претседавањето и со ПСЈИЕ – Процесот за соработка во Југоисточна Европа.


„Почетокот на пристапните преговори за членство во Европската Унија по 17 години кандидатски статус и забрзување на процесот на ЕУ-реформите, меѓу другото и преку скринингот што веќе се одвива; потоа лансирањето на Стратешкиот дијалог со САД, како надградба на Стратешкото партнерство од 2008 година; потпишувањето на договорот за Фронтекс, кој долги години беше заглавен поради несогласувањето за употребата на македонскиот јазик; потоа членството на Северна Македонија во Унијата за Медитеранот, како една од поголемите мултилатерални организации за соработка на Европа со земјите од Медитеранот; но и активен придонес и доследното спроведување на преземените обврски како НАТО членка; сѐ се тоа бројните значајни постигнувања што ќе бидат забележани во надворешната политика на земјава во 2022 година“, истакна Османи во воведното обраќање пред дипломатите.


Османи ја истакна и посебноста на земјава и нејзиниот придонес во меѓународните односи како земја препознатлива по нејзината автентична култура на дијалог и способност за постигнување компромиси за билатерални прашања. Република Северна Македонија се докажа и се промовираше како активен придонесувач во градењето и зајакнувањето на стабилноста, добрососедските односи и регионалната соработка во Југоисточна Европа.

„Преку многу работа, преку упорност и инсистирањето на политиката на компромис ја нагласивме европската надеж за целиот регион и уверен сум дека нашиот пример може да се искористи како пример и за останатите земји во надминување на преостанатите отворени прашања на Балканот. Ние сме подготвени на ова да работиме, секако во соработка со нашите меѓународни партнери и пријатели“, нагласи Османи.

На брифингот дипломатите покажаа голем интерес за претстојните активностите на земјава по сите актуелни прашања: од начинот на имплементација на европското досие, преку нашата улога во НАТО и однос кон руската агресија врз Украина, како и за приоритетите и плановите во рамките на нашето претседавањето со ОБСЕ и другите мултилатерални организации во 2023 година.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО