-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

Османи: Антисемитизмот не е поразен, потребна промоција на толеранција и недискриминација

ТОП ВЕСТИ

Антисемитизмот го донесе холокаустот, но не исчезна со холокаустот, ниту пак е поразен. Мораме да ги удвоиме нашите напори да за да се справиме и со тековните предизвици и со заканите коишто се појавуваат. Само преку активна промоција на толеранција и недискриминација можеме да се бориме против антисемитимот, рече денеска претседавачот со ОБСЕ, министерот за надворешни работи Бујар Османи.


Османи во денешното обраќање на Конференција за борбата против антисемитизмот, во рамки на ОБСЕ претседавањето, што се одржува во Скопје, информираше дека следниот месец Северна Македонија одбележува 80 години од депортација од 7.144 евреи од Скопје, Битола и Штип во камповите на смртта во Треблинка.

Како што рече, ниту еден од 3.276 евреи од Битола депортирани во Треблинка не преживеа. Тој посочи дека Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје е еден од малкуте центри од ваков вид што постои во светот.

Според шефот на дипломатијата, само преку активна промоција на толеранција и недискриминација можеме да се бориме против антисемитимот.

-Затоа ова е наш приоритет во текот на претседавањето со ОБСЕ. Ова претставува добра можност да се набројат сите постигања од регинот на ОБСЕ и да дадеме препораки за тоа што треба да преземеме во борбата против антисемитизмот. Антисемитизмот го донесе холокаустот, но не исчезна со холокаустот , ниту пак е поразен. Оваа отровна омраза продолжува да се јавува на нов начин, потенцираше Османи.

Според Османи, aнтисемитските пораки и холокаустот се користеа како пропаганда во промовирањата и оправдувањата на руската воена агресија во Украина.

Тој е дециден дека се користат и новата технологија, но и социјалните мрежи за ширење на пропаганда и омраза. -Антисемитизмот се појавува и влијае на сите наши општества. Затоа мора да ги интезивираме нашите напори и да го интезивираме одговорот како дел од координирана меѓународна коалиција на засегнатите страни. Справувањето со антисемитизмот е нешто на кое што треба секојдневно да сме посветени и тоа е морална обврска на секого. Се додека во нашите општества не се искористи антисемитизмот никој не е безбеден, додаде Османи.

Според директорот на ОДИХР, Матео Мекачи, справување со антисемитизмот е можно преку образование, преку спротивставување на негирањето на холокаустот и промоција на сеќавањето на холокаустот но, според него, мора и да ги процениме најважните предизвици со кои се соочуват еврејските заедници денес.

-Антисемитизмот има сериозни последици не само за поединиците туку и за цели општества и региони со тоа што ја поткопува безбедноста, стабилноста и може да поттикне поширок конфликт и насилство. Навраќајки се на последните 20 години, не треба да има сомнеж дека е направен сериозен напредок о овие важни области, рече Мекачи во своето обраќање на конферанцијата.

Тој напомена дека се уште постои влијанието на антисемитизмот не само врз поединиците, туку врз нашите севкупни општества.

-Последните неколку години видовме трагични настани од кои страдаа еврејските заедници низ регионот, но исто така низ нашиот Извештај за злосторства од омраза идентификувавме зголемување на ваквите дела, со акцент на антисемитистичките дела. Ова е зголемено во последната година преку податоците кои ги анализиравме. Согледувајќи ја состојбата на еврејските заедници низ регионот на ОБСЕ и намалувањето на нивната безбедност, можам да кажам дека ние обезбедуваме помош на државите учеснички, за да овозможат постојан дијалог меѓу органите на прогонот за намалување на антисемитизмот, додаде Мекачи.

Според личниот претставник на Претседавачот, Раби Бекер, за жал, некои проблеми остануваат присутни и после неколку децении. Тука е, како што рече, предизвикот да се оддржи физичката безбедност на евресјските заедници и другите иснтитуции кои се предмет на напад.

Безбедносни предизвици, според Бекер, се уште се присутни и денес.

-Тука е предизвикот да се разбере дека антисемитизмот се пројавува на најразлични начини, на стари и на нови начини. Не се работи само за предрасуди и омраза против Евреите туку и за теории на заговор против Евреите. Се работи за негирање на холокаустот, на верска нетолеранција, а се јавува и предизвикот да се препознае говорот на омраза. Важно е да се има сеопфатна дефиниција на антисемитизам која ќе ни помогне во нашата работа. Ако поуките од холокаустот избледуваат денес, тогаш прашањето е што ќе се случи кога антисемитските зборови ќе се претворат во дела и масовни убиства, рече Бекер на денешната конференција.

Тој на конференцијата уште еднаш повтори дека мора да се вложат напори во препознавањето и идентификувањето на инцидентите со антисемитизам и кривични дела од омраза против еврејската заедница.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО