Поглед:
10
МВР НА ОЛИВЕР ГОНИ ЧЕСНИ ГРАЃАНИ, А ОБДУСМАНОТ НА АЛИ Е ЗАШТИТНИК НА АПАШИ
пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкултет
Една стара народна вели: Што ќе си посееш, тоа ќе си жнееш! Така и бидна. Низ годините за пуста власт политичарите си сееја кај стигнаа и без да му ја мислат што ќе никне. Толку многу се изгубија, што денес им никнува и таму каде што не посеале. Ами немаа време да размислат дека „семето“ е репродуктивно растение кое преживува неповолни услови од надворешна средина, а се распростира и со тоа обезбедува опстанок на сопствениот вид.
Што имаме денес.
Во пресрет на енергетска криза, не затекнаа и неповолни временски услови кои предизвикаа низа дефекти на мрежите за напојување со електрична енергија, кабелски и други оператори чии крајни корисници се граѓаните на цела територија на републиката. За повеќето населени места каде што се појавуваа ваквите дефекти, јавноста не е информирана или истото го прифаќа како вообичаено, ама Арачиново денес е топ тема!
Драматични наслови по портали, ударни најави на вести, социјални мрежи не известуваат дека жителите на општина Арачиново неколку денови немаат електрична енергија! Причина, дефект на трафостаници! Демек, само тие трафостаници се во дефект низ целава држава!? И покрај се, етего и Обдусманот со официјално барање во заштита на погоре споменатите. Па кога е бал, нека биде маскенбал!
Народниот правобранител Насер Зибери ги повика на заедничка соработка локалните власти и жителите на општината за нормализирање на состојбата. Исто така упати апел до ЕВН и до надлежните институции, пред сѐ до Министерството за внатрешни работи, веднаш да ги преземат сите мерки и да обезбедат предуслови за санирање на дефектот, со што би се нормализирала ситуацијата со снабдувањето со струја во општината.
Како што информира Народниот правобранител, во неговата канцеларија е доставена претставка од група граѓани, жители на општина Арачиново, кои наведуваат дека иако редовно си ги плаќаат сметките за потрошена електрична енергија, во ситуацијава, во услови на економска криза трпат големи материјални штети (им се расипува храната складирана во фрижидерите), но и дека не се во состојба да одржуваат лична хигиена, а кои се жалат дека во овој случај со одолжување на санирањето на дефектот се ДИСКРИМИНИРАНИ.
Аман веќе со таа ваша дискриминација! Ајде да се потсетиме што значи овој поим. „Дискриминација значи секое правење разлика, искористување или ограничување на луѓето врз основа на нивните колективни идентитети (пол/род, класа, етнос) со што ги загрозува или оневозможува остварувањето или заштитата на нивните човекови права и слободи“. Е што се арачиновци сега дискриминирани?! Ова вашево ее е дискриминација туку АПАШЛУК. Големиот дефект е последица на големото преоптоварување на трафостаниците поради континуираното НЕЗАКОНСКО користење на струјата од страна на жителите. Истите тие „дискриминираните“ за кои Народниот правобранител говори. Истите тие кои континуирано ги напаѓаат екипите на ЕВН кога си ја вршат својата работа со вербални и физички напади , што го оневозможува извршувањето на нивната работа во целина. Каде се надлежните институции да ги заштитат!?
Овие „дискриминирани“ граѓани на Македонија, а според последниот извештај на Центарот за граѓански комуникации кој излезе минатата година, се единствената општина што воопшто не наплаќа данок на имот за 2017, 2018 и 2019 година и сепак по вторпат добива парична помош од Владата. Нови податоци во изминатите две години за наплатата на данок за 2020 и 2021 нема. Причина за ова како што тогаш рекоа од ЦГК е тоа што општина Арачиново нема база на податоци на даночни обврзници, ниту даночно одделение. Во оваа општина за една година се краде или не се плаќа струја во вредност од 6 милиони евра. Власта, и локалната и централната, ги има овие податоци, но молчи.
Еве кој е дискриминиран.
Според податоците од ЦГК за 2017, 2018 и за 2019 година, граѓаните и фирмите во просек годишно им плаќаат 21 милион евра на своите општини за имотот што го поседуваат на нивното подрачје. Од нив, 10,2 милиони евра собираат општините што го сочинуваат градот Скопје. Данокот се пресметува како 0,1 отсто од вредноста на имотот, што покажува дека земјиштата и градбите во Скопје вредат колку што вреди сѐ друго заедно.
Прилеп, Велес, Гевгелија, Кавадарци, како и скопските Центар, Карпош, Ѓорче Петров, собрале над 90 отсто од предвидените суми за овој период . Тетово, Кичево, Липково и други не наплатувале ни по 60 отсто, а Гостивар, како поголема урбана општина со најслаба наплата, собрал само 40 отсто од предвидените пари. Послаби од тоа се само некои рурални општини, како Долнени, Маврово и Ростуше и Студеничани.
Дискриминирани се сите овие општини на кои им го исфиркавте јазикот , кои чесно го платиле данокот и собрале над 90 % од парите кои со одлука на Влада по вторпат во време на криза одобрила пари, поточно 1,1 милиони евра со кои ќе се санира каналoт за отпадни води во општина Арачиново.И претходно владата на 11 декември 2020, донесе одлука да го помогне Арачиново со 500.000 евра како еднократна неповратна финансиска поддршка, за справување со потешкотиите во тековното работење настанати поради ковид-19 кризата. Зарем само Арачиново се соочуваше со потешкотии поради ковид кризата?
Оваа дискриминацијава ви останала во уста по навика. Ви помина времето кога „печалевте“ на оваа тема. Повеќе ви прилега АПАШЛУК како идентификација за се она што им го правите на чесните граѓани на оваа држава.
За Народниот правобранител или Омбудсманот
Во нормална држава ваква претставка од група граѓани ќе биде неприфатлива и подносителите ќе бидат известени за причините поради кои Народниот правобранител нема да биде сензитивен на етничката припадност на подносителите и нема да постапува. Нема да постапува бидејќи добро ќе се информира и ќе ја знае фактичката состојба дека не им се ускратени правата на подносителите на претставката. Напротив истите се сторители на кривични дела, а со нивното поведение ги дискриминираат оние кои 90% од вкупно наплатен данок го наполниле државниот буџет.
Инаку, Обдусманот може сериозно да се позанимава и да отвори предмет за сите граѓани кои чесно си ги плаќаат нереално високите сметки за електрична енергија, повикувајќи се на област – јавни услуги и потрошувачки права. Апашите нека ги остави на надлежните органи. Неговото значење и специфичноста на функцијата е токму во начинот на неговото дејствување и однесување.
За жал, во Македонија се сменети улогите. МВР на Оливер се занимава со чесните граѓани, а Народниот правобранител со претставки на апашите.
Што си посеавме, тоа си жнееме!