Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отворило предмет против директорот на ЕСМ во оставка Васко Ковачевски.
Предметот е отворен во 2020 година, но веќе трета година, е во предистрага, јавува телевизија Алсат.
Тие пишуваат дека станува збор за сомнителен тендер за ископ на јаловина во РЕК Битола, додека пак останати информации засега обвинителите не сакале да им дадат за да не се нарушел истражниот процес.
„Јавен обвинител постапува по предметот. Предметот е во предистражна постапка и засега се прибираат докази“, велат од ЈО за гонење на организиран криминал и корупција.
Алсат го побарале Васко Ковачевски кој истакнал дека оставката не била поради оваа истрага.
„Јас веќе дадов изјава во Обвинителството дека нема никаква вистина во предметот за ископ на јаловина во РЕК Битола“, рекол Ковачевски.
Инаку, според Ковачевски неговата оставка е поради лични причини.