-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

ОГРОМЕН УСПЕХ за МКонцепт, надминаа 3000 членови

ТОП ВЕСТИ



Поглед:
13


На социјалните мрежи беше објавена средба на Петар Богојески, лидер на новата партија Македонски Концепт, со носителката на членска картица под реден број 3000 од базата на податоци.

„Ми претставува огромна чест и задоволство, за прв пат во нашиот координативен центар за град Скопје, да се сретнам со госпоѓата Елена Давитковска Димитровска, мајка, сопруга и посветен професионалец, нов член на нашата партија Македонски Концепт, заведен под број 3000 во нашата база на податоци.

Во таа прилика, имав можност да се информирам за мотивите поради кои Елена пристапи во МКонцепт, да и доделам примерок од нашата партиска Доктрина и да ја запознаам со нашите идни планови“ – истакна Богојески.

Госпоѓата Елена Давитковска Димитровска живее и работи во Скопје, родена скопјанка, до сега партиски неопределена, а сега за прв пат препознава вистинска опција во која сака активно да учествува. Нејзина желба е што повеќе неопределени граѓани да дадат поддршка, со цел да настанат вистински промени на политичката сцена во земјава.

Новата партија на народот, Македонски Концепт беше основана пред само три месеци, во моментот е најбрзорастечка партија во Македонија со голем број на членови, а според извршниот директор на партијата до овој момент бројката е 3431 член.

„Нашите амбиции се големи! Нема да престанеме се додека не предизвикаме вистински и темелен рестарт на севкупниот систем во Македонија, кој во моментов е целосно девастиран и нефункционален! МКонцепт е создаден, долго да трае!“ – најавува Богојески.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО