Цената на суровата нафта од типот Брент утрово на берзата во Лондон се спушти на најниското ниво оваа година. Барел се тргува за нешто под 81 долар.
Во однос на петокот, цената на суровата нафта е поевтина за околу 5 долари.
Намалувањето на цената на берзите очекувано е да донесе и намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во малопродажба во Македонија.
Во петокот цените се спуштија на 88 денари за литар дизел што е најниска цена по мај годинава.
За очекување е денеска Рeгулаторната комисија за енергетика денеска да направи нова корекција и да објави ново намалување на малопродажните цени на горивата кои ќе почнат да се применуваат од полноќ.